Поради одронот на патниот правец Свети Николе-Миладиновци, на потег од 150 метри се користи една коловозна лента

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиштето и големиот одрон, сообраќајот и натаму е се одвива само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно возење.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомира АМСМ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close