Поранешен германски фудбалер и тренер бил и руски шпион


Рускиот шпион кој се најде во центарот на најголемиот европски разузнавачки скандал во последните децении е идентификуван како поранешен фудбалер и фудбалски тренер Карстен Линке, јавува Телеграф.

Станува збор за Карсен Линке, 52-годишен татко на две деца, поранешен фудбалер кој играше за неколку тимови во Бундеслигата, вклучувајќи го и Хановер 96, а подоцна беше тренер на јуниорски фудбалски тим во Вајлхајм, Баварија.

Во исто време, тој бил и таен агент кој работел за германската Федерална разузнавачка служба (БНД). Низ неделата, кога патувал за Берлин, на соседите им кажувал дека е војник и дека оди „на мисија“.

Во декември, патувањата на Линке нагло завршија кога тој беше уапсен од германската полиција. Тој беше обвинет за предавање на доверливи разузнавачки информации во Москва, вклучително и информации за Украина, објави „Шпигл“l по апсењето на Линке.
Текстот продолжува под огласот

Наводно, Карстен Линке бил унапреден непосредно пред апсењето, што му овозможило дополнителен пристап до доверливи информации.

Според „Телеграф“, Линке доставил доверливи разузнавачки информации на неколку луѓе, меѓу кои и на германски бизнисмен со руско потекло, Артур Е., кој пак ги пренел информациите на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ).

Артур Е., кој има статус на крунски сведок во овој случај, сведочеше дека бил платен за неговите услуги. БНД истражува дали Карстен Линке дејствувал сам или успеал да изгради мрежа на доушници.

Back to top button
Close