Поранешен началник на британската армија: Војниците се исцрпени за да ја водат мировната мисија во Украина

Поранешниот командант на британската армија лорд Ричард Данат изјави дека британските трупи не можат да водат мировна мисија во Украина бидејќи се „премногу исцрпени“.

Тој истакна дека за таква мисија ќе бидат потребни околу 40.000 британски војници, но дека таква бројка во моментов „не е достапна“, јави Би-Би-Си.

Данат го изјави ова откако лидерот на Лабуристичката партија и британски премиер Кир Стармер рече дека Британија ќе ја „игра својата улога“ во гарантирањето на безбедноста на Украина.

Поранешен шеф на НАТО изјави за Би-Би-Си дека Британија и Франција треба да предводат сили до 100.000 војници како дел од долгорочни мировни напори доколку руската војна со Украина заврши.

Лордот Данат – кој беше на чело на армијата од 2006 до 2009 година – се согласи дека силите за одржување на мирот ќе бараат околу 100.000 војници.
Сепак, тој рече дека Лопндон ќе мора да обезбеди „прилично дел од тоа и ние навистина не можевме да го направиме тоа“.
„Нашата војска е толку исцрпена во сегашниот момент, нумерички и што се однесува до способноста и опремата, тоа би било потенцијално многу срамно“, изјави тој за  на Би-Би-Си.
„Мислам, ако распоредиме 10.000 војници, секоја ротација за шест месеци, тоа ефективно ќе поврзе 30.000 или 40.000 војници, а ние едноставно го немаме тој број на располагање.
„Значи, тука има некои големи прашања што денешните политичари навистина нема да ги разгледаат.

Back to top button
Close