Поранешен премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради одговорот на нападот на Хамас

Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ поради неговиот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

Барак рече дека „целта е да се ограничат воените и владините капацитети на Хамас во Појасот Газа. Тоа не може да се постигне само со воздушни напади. Илјадници и илјадници војници мора да бидат распоредени на терен“.

Тој ја коментираше и поддршката од САД и западните влади во светот. – Знаеме дека за една или две недели веројатно ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од слободниот свет, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади во слободен свет. Мислам дека САД сè уште ќе биде со нас, но за нив ќе биде сè покомплицирано да останат со нас, оцени Барак.

Во врска со воената стратегија на Израел, поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да се осигура дека ќе победат“.

„Дури и ако војната прерасне во голем регионален конфликт со Хезболах, кој има 10 пати повеќе ракети и проектили, или ако се вклучат Западниот Брег или Голанската висорамнина, Израел е сепак посилен. Тоа не е егзистенцијална закана, но ќе биде потребно повеќе време, повеќе загуби и повеќе непријатности со оние кои нè поддржуваат во светот, оцени Барак.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close