Поранешен висок американски функционер: Шекеринска е вистинската личност за втор човек на НАТО

Поранешниот помошник-државен секретар на САД за Европа, Томас Кантримен, истакна дека не е изненадување што генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ја назначи за негова заменичка поранешната вицепремиерка за европски интеграции и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, бидејќи, како што вели , таа е многу способна и интелигентна жена.

Кантримен нагласува дека не е одлучувачки од која земја доаѓа заменик-генералниот секретар на НАТО, туку дали тој е најспособната личност за таа функција.

Вели дека во изборот пресудна улога има познавањето на дипломатијата и одбраната.

„Тоа не е изненадување. Таа е многу способна и интелигентна жена. Јас лично познавам тројца заменици-генерални секретари на НАТО и сите се толку паметни и способни. Се работи за дипломатија и одбрана. Не е прашање дали е од оваа или таа земја, туку дали е најквалификувана за оваа функција. Живеев на овие простори, луѓето овде мислат дека ова е центар на Европа, ако не и центар на универзумот, но понекогаш не е прашање на рамнотежа меѓу различни земји, туку кој е најквалификуван за ова место“, оценува Кантримен во изјава за „Kosovo online“.

Back to top button
Close