Поранешниот гувернер на руската област Курск уапсен под обвинение за измама
Поранешниот гувернер на западниот руски регион Курск, Алексеј Смирнов, е приведен под сомнение за измама, пренесе ДПА, повикувајќи се на руски медиуми.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 10 години. Уапсен е и неговиот поранешен заменик Алексеј Дедов.
Смирнов поднесе оставка од функцијата во декември 2024 година, многу пред крајот на неговиот мандат. Според извештаите на медиумите, апсењата следеле по сведочењето против двајцата од поранешен висок функционер кој моментално е во притвор за наводна проневера на средства наменети за регионални одбранбени утврдувања.
Утврдувањата биле изградени во 2022 година, веднаш откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на Украина.
Смирнов беше назначен за гувернер во мај 2024 година. Само неколку месеци подоцна, украинските сили почнаа ненадејна контраофанзива која проби делови од регионот Курск, со што војната првпат стигне до руска територија.