Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ стана директор на кинеска компанија за вселенска технологија во Хонг Конг

Кинескиот давател на услуги во областа на вселенската технологија и копнените апликации USPACE Technology Group го назначи поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на позицијата независен неизвршен директор на компанијата со седиште во Хонг Конг.

Како што пренесува Bizlife.rs, во соопштението на компанијата се наведува дека Борис Тадиќ, заедно со новоименуваниот извршен директор и претседател на Одборот на директори, Бен Амор, генерален директор на Арапската организација за информатички и комуникациски технологии, ќе придонесат за значително подобрување на меѓународната конкурентност на Групацијата.

„Нивното искуство во воздухопловниот сектор и глобалната визија треба да го олеснат проширувањето на соработката и подобро да ги искористат можностите за развој на глобалниот пазар. Позицијата на независен неизвршен директор подразбира советодавна улога, каде Тадиќ ги разгледува деловните перформанси и обезбедува стратешки насоки, но не учествува во секојдневното управување со организацијата“ се заклучува во соопштението

Back to top button
Close