Портпаролот на Кремљ се исмева со изјавата на Зеленски во која побара од Западот да забрани влез на Руси на една година

Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија, официјална Москва испрати експресен одговор.

Портпаролот на Крем

љ, Дмитри Песков на прес-конференција кажа дека не постојат никакви шанси Русите да бидат изолирани од светот и воедно ја запраша Европа дали треба да продолжат со нивната поддршка за Украина.

„Ирационалноста на неговото размислување во овој случај е неизмерна. Тоа може да се види како нешто што е негативно, а секој обид да се изолира Русија или Русите е процес кој нема перспектива“кажа Песков.

Песков кажа и дека сега или подоцна, Европа ќе започне да се запрашува дали Зеленски ги носи правилните одлуки и дали неговите граѓани ќе треба да го платат данокот за неговите постапки.

Инаку, Зеленски, во интервју за „Вашингтон пост“ кажа дека во моментот најважните санкции за Русија би биле затворањето на границите за нивните граѓани, а Русите според него треба да живеат во свој свет се додека не ја променат својата филозофија.

Украинскиот претседател додаде дека оваа мерка би требало да ги опфати и руските државјани кои ја напуштиле земјата бидејќи според него, одговорноста за инвазијата врз Украина е на целото руско население

Back to top button
Close