Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска, утре и во петок

Денеска, утре и во петок на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ.

Skopje
Skopje

-СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5-ти до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од МВР.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Back to top button
Close