Последна шанса да аплицирате и добиете целосна стипендија за просперитетна иднина

 

Единствената шанса да добиете стипендија е да аплицирате за истата! Па доколку сѐ уште немате аплицирано, што чекате? Ова е вашиот знак, а воедно и последна шанса да аплицирате за стипендија на еден од најдобрите приватни универзитети во државата – Меѓународниот балкански универзитет.

Зошто МБУ?

Едноставно – затоа што нуди квалитетно образование кое ветува просперитетна иднина. Изборот на факултет е огромна задача, но пронаоѓањето на вистинскиот не би било воопшто застрашувачко доколку имате јасна идеја за достапните алатки кои ги нуди одреден универзитет, кои со сигурност ќе ви помогнат и ќе ви го олеснат изборот.

Пред сè, најважно е универзитетот кој ќе го одберете да нуди студиска програма која одговара на вашиот избор за идна професија. Во склоп на МБУ има 7 факултети со избор од 18 студиски програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерско инженерство, архитектура, психологија, банкарство и финансии, графички дизајн, односи со јавност и маркетинг комуникации, јазици и други. Доколку ја пронајдовте вашата идна професија, подолу продолжуваме со останатите предности кои ги нуди МБУ.

МБУ располага со стручен и квалитетен кадар кој нуди исто толку квалитетен образовен процес. Понатаму, наставните програми на овој универзитет се внимателно одбрани и соодветствуваат со нивото на најдобрите светски универзитети, а за тоа кажува и фактот дека Меѓународниот Балкански Универзитет е прогласен за најдобро рангиран во областа на наставата и учењето според Шангајската листа. Универзитетот нуди настава на англиски јазик и можност за продолжување на образовниот процес во еден од 150те универзитети во 40 држави во светот со кој МБУ има договор преку европската мрежа за студентска мобилност Еразмус+. Но, сепак, како најголема предност ја издвојуваме можноста за понатамошен кариерен развој веднаш по дипломирањето, преку соработката која овој универзитет ја има со огромен број на компании во и надвор од државата.

Па, доколку овие информации го задржија вниманието, не чекајте – аплицирајте за стипендиите кои МБУ ги нуди, каде единствен услов за добивање на истите е остварениот успех од средно образование.

Оваа програма подразбира целосна стипендија за оние средношколци кои се прогласени за најдобри во генерацијата, а 80% стипендија важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99. Можност за аплицирање имаат студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија и тоа можат да го направат до 30 септември 2021, онлајн на https://www.ibu.edu.mk/scholarships/.

 

 

Back to top button
Close