Последна вест: Охридскиот регион, сепак, добива уште една шанса од УНЕСКО

Северна Македонија ќе добие дополнителен рок од две години за имплементација на препораките на УНЕСКО (до 2023 г.), со што Охридскиот регион засега нема да биде впишан на Листата на светски културни и природни наследства во опасност, дознава “360 степени

Преговорите меѓу двете групи држави со спротивставени ставови завршиле со компромис, а официјалната одлука на Комитетот на УНЕСКО, по вчерашното одлагање, се очекува да биде донесена во текот на утрешниот ден
Охридскиот регион, сепак, ќе добие уште една шанса пред евентуално да биде ставен на Листата на светски културни и природни наследства на УНЕСКО во опасност.

Преговорите меѓу државите со спротивставени ставови во кинескиот град Фуџоу во Кина, каде се одржува 44. сесија на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) завршиле, а според информациите на „360 степени“ договорено е земјава да добие уште две години рок за да ги имплементира препораките за задржување на статусот на Охридскиот регион. Одлуката треба да биде донесена утре.

Според извор вклучен во преговорите, компромисот предвидува прецизна листа на обврски и рокови за нивно извршување, како и строг надзор од УНЕСКО.

Ова следува откако вчера немаше консензус за да се изгласа предлог-одлуката Охрид да биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност.

Back to top button
Close