Постои сомнеж за корупција во Европскиот парламент.Меѓу уапсените и пратеник

 

Четири лица, меѓу кои и поранешен пратеник во Европскиот парламент, се уапсени во Брисел како дел од истрага за корупција поврзана со земја од Персискиот Залив, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Државното правобранителство не ја именуваше државата, но според белгискиот дневен весник „Ле Соар” станува збор за државата Катар чии функционери наводно се обиделе да купат поранешен претставник на италијанските социјалисти, кој бил во ЕП од 2004 до 2019 година.

Back to top button
Close