Потрага по лице кое утрово се фрлило во Вардар од мостот „близнак“

Преку Центарот за управување со кризи е побарана поддршка и ангажирање на специјализираните тимови за пребарување во води на Дирекцијата за заштита и спасување
Екипи на МВР и на скопската противпожарна бригада трагаат по лице кое утрово се фрливо во надојдените води на реката Вардар од мостот Близнак на булеварот Србија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Како што информираат оттаму известувањето во ЦУК е добиено во 6 часот утрово преку унифицираниот телефонски број 112.

„На ден 11.12.2022 година во 6 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар. На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР“,информираат од ЦУК.

Преку Центарот за управување со кризи е побарана поддршка и ангажирање на специјализираните тимови за пребарување во води на Дирекцијата за заштита и спасување.

„При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето“, стои во соопштението на ЦУК.

Back to top button
Close