Потрагата по телото Данка Илиќ префрлена во пештера на 3 километри од куќата на осомничениот
Потрагата по убиената 2-годишна Данка Илиќ, продолжува денеска, а после претресот во куќата на осомничќениот Дејан Д. во селото Злот, претрагата е насочена кон Лазаровата пештера и Злотската река, кои се оддалечени нешто повеќе од 3 километри од куќата на Дејан.
Пред пештерата се припадници на полицијата се наоѓаат пред пештерата, како и протипожарни екипи, јавува српски „Телеграф“.
Пред куќата на осомничениот нима само една полициска патрола.
Телото на убиената Данка Илиќ и натаму не е пронајдено. Осомничените се лишени од слобода и одреден им е притвор од 30 дена.
Полицијата вчера ги уапсила таткото и братот на Дејан, поради постоење на сомнеж дека му помогнале да го премести телото на девојчето од депонијата во околината на Бањско поле, на засега непозната локација