ВИДЕО: Повеќе ТВ станици во САД ја прекинаа програмата на 8.47 минути

– Американската детска телевизиска станица „Никелодион“ синоќа запре да емитува програма во период од осум минути и 47 секунди. Толку долго Афроамериканецот Џорџ Флојд молеше за својот живот додека полицаец го притискаше со колено по вратот.

На телевизијата во траење од осум минути и 47 секунди можеше да само да се слушне дишење, а натписот „Не можам да дишам“ беше испишан на целиот екран.

Неколку ТВ мрежи, вклучувајќи ги MTV и VH1, ги поддржаa протестите за смртта на Флојд, кои емитуваа речиси девет минути звуци на дишење, додека последните зборови на Флојд „Не можам да дишам“ се прикажани на цел екран.

Back to top button
Close