Повеќемина прободени со нож во двор на  британско училиште – хеликоптери кружат околу школото

Затворено е средно училиште во Велс, Велика Британија, а хеликоптери кружат околу зградата откако таму се случил напад, при што повеќе луѓе се прободени со нож, јавува британски Мирор.

Се наведува и дека надвор од училиштето пристигнуваат родителите на децата кои останале внатре во училиштето во кое околу 1.000 ученици посетуваат настава.

Според некои извори, повеќе лица се прободени со нож, а според неофицијални информации, нападот се случил во училишниот двор.

Родителите за британските медиуми изјавија дека околу училиштето има силно полициско присуство, а очевидци пријавиле дека виделе хеликоптери на брза помош како слетуваат во близина. Пријавено е дека околу училиштето кружат два хеликоптера.

Back to top button
Close