Повик за доделување финансиска поддршка за студенти за покривање на дел од трошоците при студирање
Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за доделување еднократна финансиска поддршка на студентите за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.
– Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход. Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6000 денари, соопштија денеска од МОН.
Аплицирањето се врши на два начини, електронски или директно во Министерството за образование и наука.
Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.