Повреден е мотоциклист во сообраќајка на Партизанска во Скопје

МВР информира дека вчера попладне во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.Ш.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Back to top button
Close