Пожар на траект во Њујорк, евакуирани 900 патници
Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека синоќа службите за итни случаи реагирале на пријава за пожар на брод во Њујоршкиот залив нешто по 17 часот.
Повредени се пет лица, од кои три се на болничко лекување.
Американската крајбрежна стража ги евакуираше патниците до траектниот терминал Сент Џорџ на Стејтен Ајленд.
Од траектот се евакуирани и 16 членови на екипажот. Евакуацијата траеше помалку од еден час.
Министерството за транспорт соопшти дека бродот „Санди Граунд“ е привремено закотвен во близина на Бајон, во Њу Џерси.
Противпожарната служба, пак, соопшти дека пожарот е локализиран во погонскиот дел на бродот.