Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило
Пожар избувнал во куќа во Кавадарци во текот на вчерашниот ден, а пронајдено било тело на машко лице, кое, најверојатно, се задушило, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според Регионалниот центар за управување со кризи – Велес, двајца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена плинска боца во куќа на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Пронајдено било машко лице за кое се вели дека најверојатно се задушило.
– Присутни биле и екипи на Итна медицинска помош, кои констатирале смрт на лицето на возраст од 78 години, појаснуваат од ЦУК