Пожар во зграда во Берлин, повредени најмалку 16 лица
Во Берлин, во пожар во станбена зграда што избувна утрово повредени се најмалку 16 лица , од кои едно потешко.
![]()
Во болница се задржани четири лица, јавуваат германските медиуми.
Пожарот избувнал во стан на приземје на петкатница во Кројцберг, Берлин.
Во гаснењето на пожарот учествувале 68 пожарникари, кој во меѓувреме е локализиран, соопштија од противпожарната служба. Причината за пожарот се уште не е позната






