Пожарот во Тетово зафатил две куќи. Повредено едно лице

Повреден е сопственикот на куќата во која избувна пожар околу 19 часот во тетовската населба Колтук, се првичните информации кои ги соопшти СВР Тетово. Огнот зафатил две куќи, а беше ставен под контрола од пожарникарите за околу еден час.

-Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожарот во куќа, сопственост на И.С (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. Сопственикот И.С. добил изгореници, по што е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од тетовската полиција.

Соседите од населбата Колтук беа уплашени од силината на огнот бидејќи се создал висок пламен. Исто така сите куќи во оваа населба на ридест дел се споени една до друга, што било причина за дополнителен страв кај нив од евентуално проширување на пожарот.

 

Back to top button
Close