Познато името на приведената наставничка под сомнеж за дилање дрога, предметен наставник од 5-то до 9-то одделение

По утринското приведување на наставничката во скопското основно училиште „Александар Македонски“, идентитетот е познат меѓу наставниот кадар и учениците. Редакцијата на НОВА ТВнема да го обзнани името во интерес на натамошната истрага. Станува збор за предметна наставничка која предавала од 5-то до 9-то одделение.

Како што дознаваме атмосферата во училиштето се нормализира по вознемиренсоста од оваа вест меѓу родителите, учениците и наставниот кадар.

Приведувањето на наставничката е дел од координирана акција на МВР која беше спроведена вчера и денес и беа приведени повеќе лица.

Како што утрово појасни Ангеловски, при претресот пронајдени се околу седум килограми амфетамин, околу еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, автоматска пушка калашников, рамки за пиштоли и за автоматска пушка, куршуми од различен калибар, списоци од евиденција на лица кои купувале дрога и кои должеле за наплата на дрогата.

Исто така, како што додаде, пронајдени се и четири возила кои биле употребувани при продажбата на дрога и пари кои се добиени од продажбата на оваа дрога.

Претходно, посочи Ангеловски, во месеците јануари, февруари и март под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје спроведена е криминалистичка истрага, при што приведени се други три лица кои се поврзани со овој случај.

„Приведените лица подолго време на улиците на Скопје продавале синтетичка дрога афетамин како и други дроги, имале изнајмено станови во центарот на Скопје, како и во населбата „Ѓорче Петров“ и дрогата ја продавале по различна цена. На пример, амфетаминот го продавале за 2 илјади денари за грам, кокаинот за 3 илјади денари за грам, екстази таблета за 600 денари, а пакување марихуана за илјада денари“, додаде Ангеловски.

Тој потенцира дека вакви акции МВР спроведува и во останатите градови во државата.

„Од почетокот на оваа недела имаме извршено 36 претреси и приведени 32 лица кои се занимаваат со продажба на дрога. И во наредниот период интензивно продолжуваме на сузбивање на оваа појава во интерес на граѓаните“, додаде портпаролот на МВР.

Back to top button
Close