ПП Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонските студенти под власт на ДПМНЕ се враќаат во ерата на свеќите! До Левица пристигнаа информации и видеоснимки дека денеска повторно на факултети при УКИМ нема струја, и тоа среде предавања, поради што професорите биле принудени да ја прекинат наставата! Истовремено, студентите од домот „Стив Наумов“ исто така останале без сттруја и сè уште седат во темница, се вели во соопштението од ПП Левица
Ова е Македонија во 2026 година, со премиер кој се претставува како врвен енергетски експерт и министерка која не пропушта прилика да држи лекции за квалитетот на образованието! Додека Мицкоски држи предавања за енергетска стабилност, вистинските предавања на факултетите се прекинуваат затоа што нема струја!
Ова се случува само неколку дена откако јавноста дозна дека факултетите и Ректоратот на УКИМ биле исклучени поради натрупани долгови за електрична енергија од околу половина милион евра. Министерката Весна Јаневска тогаш самоуверено убедуваше дека средства се обезбедени и дека нема причина за нови исклучувања. Денеска, според информациите доставени до Левица, нејзините уверувања повторно се судираат со суровата реалност! Во „Стив Наумов“, кој и вчера гордо на вмровскиот настан беше наречен „врвен потфат по европски стандарди“, студентите претходно се соочуваа и сѐ уште се соочуваат со протекување вода и проблеми со греењето, а сега и со прекини на струјата.
Во меѓувреме, ЕВН со своите исклучувања практично го диктира распоредот на универзитетската настава, додека МОН и Владата се неспособни да гарантираат најелементарни услови за функционирање на државните универзитети.
Левица прашува: Дали следната образовна реформа на Јаневска ќе биде задолжително носење свеќи на предавања, а следниот енергетски проект на Мицкоски набавка на агрегати за факултетите?! Каква државна стратегија, дигитализација и научен развој може да понуди власт која не е способна да обезбеди ни непрекинато снабдување со електрична енергија?
ПП Левица






