Пратеници добиле меилови со заканувачка содржина

Неколку пратеници во македонското Собрание на служвените електронски адреси добиле порака со заканувачка содржина испратена од непозната адреса. Случајот бил пријавен во полиција од претставник на политичка партија.

Во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина. За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР

Back to top button
Close