Прават хаос во сообраќајот ама и се извинија.Бараат подршка од граѓаните да ги добиеле парите

Приватните превозници бараат поддршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот

Од Здружението на возачи „Слобода превоз“, денеска, преку социјалните мрежи им се извинија на скопјани за сообраќајниот метеж кој настана поради протестите и блокирањето на неколку крстосници во Скопје.

„’Слобода Превоз’ во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат поддршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот“,велат од „Слобода превоз“.

Од таму додаваат дека сите државни институции во случајов и Град Скопје треба да покажат, и не треба истите да бидат пример, како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки. Вакво однесување на службите во Град Скопје и самиот градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат, додаваат од „Слобода превоз“.

Сообраќајот во главниот град утрово се одвива под посебен режим откако приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ повторно поставија блокади на неколку клучни точки односно на крстосниците пред ТЦ „Мавровка“, „Црвен крст“, како и на булеварот „Илинден“ околу просториите на Град Скопје, со најава дека овој пат нема да ги тргнат автобусите се до исполнување на нивните барања.

Екипи на сообраќајната полиција, како што беше и најавено, го регулираат сообраќајот на булеварот „Илинден“ и тоа од крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосницата со „8 Септември“, како и на крстосницата од улицата „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ и крстосницата од булевар „Гоце Делчев“ и „Крсте Мисирков“, кај Судска палата.

Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, вчера најави можна радикализација на протестот на приватните превозници се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.

Back to top button
Close