Предлози за казнени налози за 13 лица во Скопје

Заради непочитување на полицискиот час, Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поведе постапка против 13 лица.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за сите обвинети побара парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Back to top button
Close