Престрелка во Скопје, едно лице застрелано – на пукањето му претходела бркотница

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.

„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.

На пукањето, неофицијално, му претходела бркотница низ Скопје, а две од возилата се „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано

Back to top button
Close