Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд

– Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Утре нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.

Back to top button
Close