Претресот во Академијата за судии и обвинители траел кратко – одземени телефони од едно лице

Полиција влегла во Академијата за судии и јавни обвинители по налог на обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Претресот траел кратко, бидејќи целта била да се одземат телефони од едно лице, како и документација, информира „Скопје1“.

Според нашите извори, проверките одат во насока како се полагале испити во склоп на Академијата, во изминатите години, кога ја тресеа и низа скандали.

Ова не е првпат полагањата на Академијата да бидат испитувани. Пред три години, од Правниот факултет беше запленет компјутер на „Инвока груп“, компанијата чиј софтвер се користи за полагање.

Повеќе детали се чекаат од Обвинителството во текот на денот

Back to top button
Close