Претседателката на Унгарија во февруари поднесе оставка поради случај со помилување. Кај нас Силјановска си остана, курбан отиде комисијата

Конзервативната претседателка на Унгарија, Каталин Новак, во февруари годинава објави дека поднесува оставка по гневот кој го предизвика во јавноста откако помилува маж осуден за сексуално злоупотребување деца.

Блиската сојузничка на премиерот Виктор Орбан во телевизиско обраќање објави дека се повлекува од својата функција.

„Направив грешка … Денес е последниот ден кога ви се обраќам како претседателка“, рече Новак во говорот што го пренесе државната телевизија.

Новак беше под зголемен притисок поради помилувањето човек кој беше осуден како соучесник затоа што помогнал да се прикрие случај на сексуална злоупотреба во дом за деца.

Таа ја објави својата оставка по повеќе од една недела јавно негодување, откако беше откриено дека издала претседателско помилување во април 2023 година.

Јавноста е огорчена откако се појавија информации дека Новак, првата жена претседател во историјата на Унгарија, помилувала во април 2023 година вработен во дом за деца, кој во 2018 година беше осуден за вршење притисок врз жртвите да ги повлечат своите тврдења дека директорот на домот сексуално ги злоупотребувал.

Директорот е осуден на осум години за злоупотреба на најмалку 10 деца во периодот од 2004 до 2016 година.

Пред демонстрациите, унгарската пратеничка во Европскиот парламент Ана Донат рече дека верува оти овој скандал е нешто од што Новак „не може да се врати“.

Таа додаде дека помилувањето предизвикало „тага и навистина нормален гнев“ кај луѓето.

Новак беше министерка за семејство на Унгарија додека не беше именувана за претседател во 2022 година и отворено се залагаше за традиционални семејни вредности и заштита на децата

Во нашиот случај со помилување на нарко бос претседателката Силјановска Давкова се оглуши од реакциите на јавноста, реши да си остане во претседателската фотеља и по овој гаф кој е врв на серијата гафови за нецели 5 месеци од кога стана шеф на државата.

Вина прифатија само од комисијата за помилување кои попладнево во име на нивната професионалност и принципиелност колективно се повлекоа. Сиљановска час поскоро им ја прифати оставката и порача дека ќе работела на институционалните и законските слабости при помилувањето.

За ова помилување на нарко бос на кое ставила нејзин потпис претседателката  наместо барем да се изини во јавноста таа се правда дека сега видела дека помилувала интересни лица во негативна смисла. За оставка не ни помислува, курбан отиде комисијата која се повлече за да си ја заштити сопственааа професионалност и принципиелност како што напишаа во оставката.

Back to top button
Close