Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Охрид и во Струга, ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Заедно со свештенството и граѓаните, претседателката ќе присуствува и на чинот на осветувањето на водите и положувањето на светиот крст во Охридското Езеро.
Потоа, во Струга, таа ќе ја проследи и црковната церемонија на осветувањето на водите и положувањето на чесниот крст во реката Црн Дрим, водосветен чин, што ќе биде извршен од неговото Блаженство г. г. Стефан