Претседателот на долниот дом на романскиот Парламент сака Романија да се обедини со Молдавија


Претседателот на Домот на пратениците на романскиот Парламент, Марсел Чолаку, синоќа за ТВ Романија изјави дека би сакал Романија да се обедини со Република Молдавија.

Чолаку рече дека ова е „најкраткиот” пат за Молдавија да влезе во Европската унија.

– Најранливата земја од целосно неоправданиот конфликт во Украина е Република Молдавија. Мораме да одлучиме … Дали ќе дозволиме Република Молдавија порано или подоцна да се врати под советско влијание? (…) Пристапувањето на Молдавија во Европската унија ќе одземе најмалку 10 години … Или ја имате пократката опција при што Романија ќе се обедини со Република Молдавија и Република Молдавија се обединува со Романија, изјави за РТВ претседателот на Долниот дом на романскиот Парламент.

Во овој контекст, Марсел Чолаку, кој се очекува да стане следниот романски премиер според коалицискиот договор за ротација на премиерите, рече дека ја претпочита пократката опција.

– Дефинитивно би ја сакал пократката опција, имено Романија да се обедини со Република Молдавија (…) Не можете да оставите една земја повторно да биде жртва на Русија (…). Судбината на Романците во Република Молдавија треба да биди иста, како онаа на Романците во Романија – ЕУ и НАТО. Разбирам дека во моментов многу Романци сакаат да се обединат со Република Молдавија (…) Дефинитивно треба да се одржи референдум во двете земји. Односно да се оди по нормален пат, сојузите не се прават со оружје в рака, рече Марсел Чолаку.

Според резултати од истражување на јавното мислење објавени вчера, повеќето граѓани на Молдавија се против обединување со Романија. Само околу една третина од населението на Молдавија ја поддржува идејата за обединување со Романија, покажуваат резултатите од анкетата на CBS-Research нарачана од Институтот за јавна политика на Молдавија

Back to top button
Close