Претседателот на ерменскиот Парламент: Властите никогаш не разговарале за можноста за влез во НАТО, ги зајакнуваме врските со ЕУ

Ерменските власти никогаш не разговарале за можноста за влез во НАТО, но ги зајакнуваат односите со ЕУ, изјави денеска претседателот на ерменскиот Парламент, Ален Симоњан.

„Немаше дискусија за НАТО, не разговаравме за тоа во нашиот тим. Што се однесува до Европската унија, таа не е воен сојуз, ние сме подготвени да ги зајакнеме односите со неа. Денес демократијата е нашиот најголем безбедносен систем“, рече Симоњан.

Тој нагласи дека Ерменија се обидува „да купи оружје на сите можни места“.

„Ако некој се срами од тоа, тоа е негов проблем“, заклучи Симоњан.

Back to top button
Close