Претседателот на САД, Џозеф Бајден е поизолиран од кога било

Претседателот на САД, Џозеф Бајден е поизолиран од кога било, а многу високи функционери на Белата куќа и демократски претставници сега веруваат дека тој мора да се откаже од својата кампања за втор мандат – и тоа многу брзо. „Следните 72 часа се клучни“, рече синоќа еден демократски гувернер во близок контакт со партиските функционери и соработници. „Ова не може да трае уште долго“.

Повеќе извори велат дека некои од главните советници на Бајден – вклучително и советничката Анита Дан, адвокатот Боб Бауер и претседателката на кампањата Џен О’Мали Дилон – се соочиле со гневот на семејството на претседателот по дебатата.

Бајден сериозно ги прифаќа повиците за повлекување бидејќи демократскиот претседателски кандидат и неколку демократски функционери веруваат дека е само прашање на време кога ќе замине, јавија американски медиуми, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

„Тој навистина ја преиспитува својата совест, тоа сигурно го знам“, рекол еден од изворите, кој сакал да остане анонимен. „Тој размислува за тоа многу сериозно“.

Бајден (81) се соочува со зголемен притисок во партијата да се откаже од своето прво место по лошиот настап во дебатата против поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот кандидат, предизвика загриженост за неговата возраст и неговите шанси да победи во ноември.

Back to top button
Close