Претседателот Пендаровски одбил да ги помилува Катица Јанева, Владимир Панчевски и Сеад Кочан

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, експретседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, и бизнисменот Сеад Кочан се обиделе да го искористат инситутот Помилување – еден од прерогативите на претседателот на државата, за да го скратат својот престој во затвор каде издржуваат повеќегодишни казни.

Сепак, како што дознава „360 степени“, претседателот на државата Стево Пандаровски ги одбил нивните барања, односно одбил да ги помилува.

Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски/Фото: Архива

Инаку, Јанева и Панчевски за прв пат бараат помилување од шефот на државата, додека бизнисменот Сеад Кочан веќе еднаш се обиде да добие помилување во 2021 година, но неуспешно.

Процедурата е регулирана со Законо за помилување, а во одделот насловен „Комисијата за помилување“ на интерент-страницата на претседателот на државата е појаснето како тече целата постапка.

Имане, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот почнува со поднесување молба за помилување до судот кој ја донел првостепената судска одлука.

Потоа, молбата заедно со потребната документација судот ја доставува до Министерството за правда. Согласно законската постапка, министерот за правда ги разгледува молбата и останатите документи и дава свој предлог до шефот на државата.

Оттука постапката ја презема Комисијата за помилување на претседателот на државата, која на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот за правда.

Инаку, Комисијата за помилување е постојано работно тело во служба на претседателот.

Откако ќе ги разгледа документите, Комисијата со мнозинство гласови од присутните челнови утврдува мислење, односно предлог кој потоа го доставува до шефот на државата.

„Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот/министерката за правда, претседателот на Република Северна Македонија донесува конечна одлука“.

Претседател на Комисијата за помилување е Уранија Пировска, а нејзини членови се: Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Кимо Чавдар, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Сафет Алиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска,

За Јанева, Панчевски и Кочан исходот од целата процедура завршил неуспешно, бидејќи конечната одлука на претседателот била негативна.

Back to top button
Close