Претседателот Пендаровски се сретна со помошникот-генерален секретар на НАТО, Катлер

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Брисел, денеска оствари средба со помошникот-генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер, со кого разговараа за најновите безбедносни предизвици на Алијансата.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници нагласија дека соработката со земјите-членки на НАТО е од исклучителна важност за безбедноста, како на Алијансата, така и на регионот и на Северна Македонија како најнова НАТО членка.