Претседателството на ДПС го предложи Мило Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора

Претседателот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, денеска е предложен за претседателски кандидат на партијата на претстојните избори, објави партијата на својот Твитер профил.

Подгорички „Вијести“ јави дека тоа било одлука од денешната седница на Претседателството на ДПС, а во тек е седницата на Главниот одбор на партија.

Претседателските избори се закажани за 19 март, а до 26 февруари треба сите кандидатури да се достават до Државната изборна комисија.

ДИК досега ги потврди кандидатурите на еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, и на пратеничката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ

Back to top button
Close