Принцот Хари првата слика од новородената ќерка ја споделил со Кејт Мидлтон

– Британскиот принц Хари ја споделил првата фотографија од неговата тукушто родена ќерка, на „чет-порака“, со неговата снаа – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, а не со брат му, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, пренесуваат западните медиуми.

Како што пишува „Јаху ентертејнмент“, многумина се надеваат дека малата Лилибет Дијана, со кралската грациозност на нејзината прабаба и шармот на баба ѝ, „ќе гради нови мостови“ во кралското семејство.

Нејзиното име, инаку е спој од прекарот на кралицата Елизабета Втора и името на мајката на принцот Хари, покојната принцеза Дијана.

Сликата не е јавно објавена.

Back to top button
Close