Пристаништето во Одеса престана да работи по руски напад врз енергетската инфраструктура

Украинското пристаниште Одеса ја прекина работата по уште еден руски напад врз енергетскиот систем во регионот, изјави украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солски, но додаде дека не се очекува прекин на извозот на жито.

Солски рече дека две други пристаништа, Черноморск и Пивдени, од каде е дозволено да се извезува жито од Украина според договорот меѓу Москва и Киев, делумно работат.

Според него, пристаништето Одеса не работи бидејќи генераторите се уште не се вклучени. Трговците со жито продолжуваат да испраќаат жито преку другите две пристаништа, рече тој.

Back to top button
Close