Притвор за 14 лица осомничени за трговија со дрога и оружје

Од Обвинителството информираат дека на едно од вчера приведените лица, поради здравствената состојба му е определена мерка куќен притвор. За трите лица, по кои и натаму се трага, од Обвинителството велат дека притворот, кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање, ќе биде определен денеска

На 14 осомничени лица, кои вчера во акција на полициски тимови под раководство на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), беа лишени од слобода, одредена им е мерка притвор од 30 дена.

Од Обвинителството информираат дека на едно од вчера приведените лица, поради здравствената состојба му е определена мерка куќен притвор. За трите лица, по кои и натаму се трага, од Обвинителството велат дека притворот, кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање, ќе биде определен денеска.

Во акцијата, која била спроведена вчера рано наутро, осомничени се вкупно 18 лица, од кои тројца се во бегство. Тие се товарат за трговија со дрога и оружје. Јавен обвинител од ОЈО ГОКК по акцијата донел наредба за отворање истражна постапка против осомничените кои се товарат за трговија со дрога и оружје. Претресите биле извршени на локации во селото Арачиново и во скопските населби Сингелиќ, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари.

Според Обвинителството, 12 осомничени се товарат за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори; петмина за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а едно лице, според дејствијата опишани во диспозитивот, се товари за двете кривични дела.

Според Кривичниот законик, на осомничените за трговија со дрога им се заканува затворска казна од најмалку пет години затвор, додека за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик, е предвидена казна затвор од најмалку осум години.

Back to top button
Close