Приватните превозници нема да протестираат од денес до четврток

Приватните автобуси од вторник до четврток нема да ја блокираат крстосницата кај Мавровка поради посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Доколку и дотогаш не се постигне никаков договор со Град Скопје и со ЈСП, тие повторно ќе излезат на улица в петок, изјави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Приватниците ја блокираа крстосницата кај Мавровка и направија сообраќаен хаос во центарот на Скопје

Back to top button
Close