Приведен босанскиот министер Лучиќ злоупотреба на положбата и трошење народни пари


Министерот во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Милош Лучиќ денеска е уапсен под сомнение за злоупотреба на положбата и овластувањата.

На барање на Обвинителството на БиХ, Лучиќ е уапсен надвор од работното место од страна на припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), а потоа беше однесен во седиштето на СИПА.

Собрани се докази дека осомничениот сторил груби злоупотреби при трошење средства наменети за репрезентацијата, неовластено сервисирал возила со неовластени лица, злоупотреби при вработување, како и низа други незаконитости кои се опфатени со истрагата, наведе Обвинителството на БиХ.

Според босанските медиуми Лучиќ е под истрага поради сомневање дека плаќал приватни трошоци од средствата на Министерството. Се претпоставува дека во период од неполни шест месеци, користејќи официјална кредитна картичка, потрошил повеќе од 16.000 ( околу осум илјади евра).

Лучиќ беше назначен на позицијата државен министер задолжен за човекови права и бегалци на предлог на Демократскиот народен сојуз (ДНС), кој е поранешен и сегашен коалициски партнер на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), на чело со Милорад Додик

Back to top button
Close