Приведен дилер од Битола

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска го лишиле од слобода Д.Д.(35) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин, дигитална вага, поголема количина денари и евра, две патнички возила, три патрони за пушка и делови од пиштол.

Како што информира МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close