Приведен e возачот кој ја усмрти младата радовишанка кај „Сити мол“  

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на јавен обвинител, кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол, сторителот  е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи.

Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н., а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.). Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди. Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радови

Момчето на загинатата Викторија. Н., 24-годишниот Л.Д., нема сериозни телесни повреди и по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување.

– За среќа, тој не се здобил со тешки телесни повреди. Единствено имал набиеница во делот кај карлицата. Медицинскиот персонал целосно се погрижи за сите испитувања. Направена му е лабораторија, рентгенски прегледи по што е констатирано дека нема потреба да биде хоспитализиран. Пуштен е на домашно лекување со совет денеска да се јави на контрола – изјави за Фактор директорот на „Св. Наум Охридски“,  д-р Љубен Арсенков.

 

Тој додава дека момчето било во страшен шок, зашто целата страшна глетка се случила пред негови очи.

– Момчето било премногу вознемирено. Една страшна сцена се случила на само еден чекор пред него, поради што му е дадена терапија за смирување – додава д-р Арсенков

 

 

Back to top button
Close