Приведен грчки државјанин на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства

На  24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства.


Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close