Приведена 73-годишна баба која го тепала сопругот

Седумдесет и тригодишна баба е приведена од страна на полицијата откако со тврд предмет го нападнала својот сопруг.

„На 24.09.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода Н.С.(73) од Скопје, затоа што во домот со тврд предмет го нападнала нејзиниот 74 – годишен сопруг“, информираат од МВР.

Таа е спроведена до здравствена установа за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close