Приведени сопругата и ќерката на сопственикот на „Пулс“
Синоќа полицијата ги привела сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.
Според информациите, двете сѐ уште се во полициската станица во Кочани. При приведувањето им биле одземени пет мобилни телефони.
Претходно Основното јавно обвинителство потврди дека во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази. (фокус.мк)