Приведено лице затекнато при извршување тешка кражба

– На 10.08.2021 во 15.45 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода М.Ј.(35) од Скопје.

Како што денеска информираа од МВР, тој бил затекнат при извршување тешка кражба во обид во фирма и бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close