Приврзаници на бразилскиот претседател Болсонаро се обидоа да упаднат во зградата на сојузната полиција


Поддржувачи на екстремно десничарскиот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска се обидоа да упаднат во седиштето на федералната полиција во главниот град на земјата на денот кога официјално беше потврдена изборната победа на левичарскиот лидер Луис Инасио Лула да Силва.

Според западни медиуми, приврзаници на Болсонаро се судрија со полицајците пред седиштето на федералната полиција. Полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ја растера толпата. Поддржувачите на Болсонаро запалија автобуси и автомобили во областа.

Според судијата што го нареди апсењето, избувнувањето на насилството доаѓа откако приврзаник на Болсонаро беше приведен поради наводно организирање „антидемократски дејствија” придружени со насилство.

Федералниот изборен суд синоќа официјално го прогласи Лула да Силва за победник на претседателските избори. По неколку месеци неосновани тврдења дека бразилскиот изборен систем е подложен на измами, Болсонаро ниту го призна поразот, ниту формално го блокираше предавањето на власта на Лула да Силва

Back to top button
Close